Warning: A non-numeric value encountered in /home/interevro/www/www/wp-content/plugins/mashsharer/includes/template-functions.php on line 894

Warning: A non-numeric value encountered in /home/interevro/www/www/wp-content/plugins/mashsharer/includes/template-functions.php on line 894

Дистрибуција

Интер-Еврогенекс изразува подготвеност за воспоставување партнерство со странски компании за регистрација, дистрибуција и маркетинг на нашите производи.

Производство

Спремни сме за соработка, односно производство по договор и соодветно амбалажирање на готовиот производ. Располагаме со комплeтна опрема за производство, автоматско дозирање и пакување на течни дозажни форми во стаклени шишиња и производство и пакување на таблети.

Компанијата ја поседува следната опрема:

  • млин за растителен материјал со капацитет од 1.000 kg/час
  • дејонизатор за чиста вода со капацитет од 2.000 l/час
  • дупликатор екстрактор со капацитет од 200 l/час
  • хомогенизатор со капацитет од 200 l/час
  • машина за дозирање на стаклени шишиња со капацитет од 10.000 шишиња/час
  • машина за затварање на шишињата со капацитет од 10.000 шишиња/час
  • машина за етикетирање со капацитет од 10.000 шишиња/час
  • гранулатор со капацитет од 100 l/час
  • машина за таблетирање со капацитет од 160.000 таблети/час

Суровини

Интер-Еврогенекс располага со суровини потребни за вашето производство. На располагање имаме суровини од кои дел може да се отстапат за продажба, а има и повремена потреба од откуп на суровини.

Потеклото на суровините е загарантирано со внимателна контрола на добавувачите и преку лабораториска контрола на примероци од добиените суровини според фармакопејски и наши стандарди. Тука спаѓа и микробиолошка контрола како и анализа на присуство на тешки метали и пестициди.

Ви прикажуваме дел од нашите залихи:

  • Capsella bursa-pastoris до 100.000 kg
  • Urtica folii до 50.000 kg
  • Hyperici herba до 40.000 kg
  • Cynodoni rhizoma до 100.000 kg
  • Visci herba до 50.000 kg
  • Mentha piperita до 50.000 kg