line decor
  
line decor
 
 

 

 

 


 
 
 
 Фармацевтска индустрија
Македонија

 
 

 


 
 
Билни чаеви

Распространетоста на секакви растенија, во свежиот воздух и недопрената природа на Македонските планини, каде цивилизацијата не допрела со својот индустриски отпад и вештачки материјали, ни овозможува пред нашите потрошувачи да ги претставиме висококвалитетните билни чаеви.

Чај од камилица

Дејство:
Уште од антички времиња чајот од камилица се користел заради нејзините лековити дејства при различни дигестивни нарушувања, како спазми и болки во дигестивните органи, различни инфламаторни заболувања на кожата и слузниците.

Употреба:
Камилицата се користи за третман на различни заболувања на дигестивните органи и за промивање на очите, носот и устата и слично.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

Чај од нане

Дејство:
Овој чај е направен од култивирани листови на нане, со раскошна и специфична освежителна арома. Содржи комплексни биолошки активни состојки и има широк спектар на лековита активност.

Употреба:
Се препорачува за подобрување на апетитот и варењето, преку засилување на секрецијата на дигестивните жлезди и за респираторни тешкотии.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

Чај од шипка

Дејство:
Слободно може да се каже дека овој чај го има во сечие домаќинство. Претставува хербален производ со пријатен вкус и убава боја, богат со витамините С, Р, В, Е и каротин.

Употреба:
Се препорачува за подобрување на метаболизмот, подобрување на пермеабилноста на крвните садови, подобрување на имунитетот, при хиповитаминози и авитаминози на витамините С и Р.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

Чај од коприва

Дејство:
Ова хербално пакување од листови од сува коприва има превентивна активност на повеќе состојби. Сите активни состојки, особено витамините, танините, хлорофилот и солите на железото го нормализираат метаболизмот на липидите и го зголемуваат контрактивниот капацитет на мазната мускулатура на утерусот. Од антички времиња, овој чај се користи во традиционалната медицина како агенс кој го спречува крварењето и против дијареа.

Употреба:
Се препорачува како синергистичен агенс во третманот на артериосклероза, анемиа, холецист, улкус на стомак и дуоденум.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

Чај од мајчина душичка

Дејство:
Направен од надземните делови на мајчината душичка, кој заради својот специфичен вкус се цени во хербалната медицина. Овој чај има широк спектар на лековита активност.

Употреба:
Се препорачува за третман на дигестивни нарушувања, респираторни нарушувања, против паразити во мочниот меур, лош здив и слично.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

Чај од кантарион

Дејство:
Произведен е од надземните делови на кантарионот и содржи биолошки активни состојки кои го подобруваат имунитетот на организмот, функционирањето на дигестивниот тракт и слично.

Употреба:
Подобрување на имунитетот на организмот и функционирањето на дигестивниот тракт.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

Чај од маточина

Дејство:
Овој хербален производ е направен од исушени листови од маточина и има седативно, спазмолитично и антибактериско дејство.

Употреба:
Во народната медицина овој чај се користи против настинки, за функционални пореметувања на циркулацијата, биење на срцето, мигрена, хистерија и меланхолија.

Пакување:
20 филтер кесички од 1.0 g

 
 
 
 
 

Varumin
Светски познатиот препарат за подобрување на општата состојба на организмот, особено корисен за третман на тумори

 

Здравје од природата
Погледнете ги критериумите за потекло на нашите суровини, контрола на квалитетот, технологија на обработка и чување на финалниот производ

 

Аптека „Варуфарм“
Производите на „Интер-Еврогенекс“ може да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки во Македонија, како и во нашата аптека „Варуфарм“ каде ќе добете и соодветен совет.



 

 

 
   

Почетна | За нас | Производи | Технологија | Деловна соработка | Медиа центар
Контакт | Мапа на страницата | English

©2008 IEG Интер-еврогенекс. Сите права се задржани. Правна напомена