Аптеката „Варуфарм“ е составен дел од компанијата „Интер-Еврогенекс“. Аптеката е основана во ноември 2007 година и се наоѓа на ул. Мајка Тереза, број 18/1/1 во Скопје. Самата локација на аптеката овозможува лесен пристап на нашите потрошувачи.

Во аптеката е застапена целата палета производи на „Интер-Еврогенекс“, како и сите други производи кои спаѓаат во областа на аптекарското работење (лекови, хербални препарати, додатоци во исхраната итн.).

Со стручноста на нашиот персонал и професионалниот пристап кон потрошувачите настојуваме да дадеме најсоодветна услуга или совет во секое време. Снабденоста и односот кој го градиме со нашите потрошувачи се гаранција дека никогаш нема да Ве изневериме.

Работни денови: понеделник – сабота
Работно време: 08 – 21 часот

Телефон: +389 2 3177 922
Мобилен: +389 71 345 363