line decor
  
line decor
 
 

 

 

 


 
 
 
 Фармацевтска индустрија
Македонија

 
 

 


 
 
Paradental® раствор за гингива

Активност:

Хемостатско, ангиогено, антимикробно и адхезивно дејство.

Paradental® растворот за гингива предизвикува чувство на студено, има лесна анестетичка активност и пријатен мирис кој освежува. Поради присуството на негликозидни сулфурни соединенија има антимикробно (антибактериско, антивирусно, антифунгално) и антиинфламаторно дејство. Како резултат на хемостатското, ангиогеното и адхезивното дејство, доаѓа до гранулација и регенерација на ткивата.

Употреба:

Paradental® растворот за гингива е наменет за третман на парадентоза, хроничен гингивитис, парадентални абсцеси, афти, постекстракциони рани и други инфламаторни заболувања на усната шуплина, како и за освежување на усната шуплина.

Состав:

Alii sativi bulbus, Calendulae flos, Urticae folium, Oleum menthae.

1 пакување содржи 50 ml раствор за гингива.

Дозирање:

Може да се употребува со:

  • нанесување на компреси кои се аплицираат на воспалената гингива: натопениот компрес се остава да стои на воспаленото место 10 до 30 минути, 2 - 3 пати на ден;
  • гаргара: 5 ml (една кафена лажица) од препаратот се гаргара 1 - 2 минути, 2 - 3 пати на ден.
 
 
 
 
 

Varumin
Светски познатиот препарат за подобрување на општата состојба на организмот, особено корисен за третман на тумори

 

Здравје од природата
Погледнете ги критериумите за потекло на нашите суровини, контрола на квалитетот, технологија на обработка и чување на финалниот производ

 

Аптека „Варуфарм“
Производите на „Интер-Еврогенекс“ може да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки во Македонија, како и во нашата аптека „Варуфарм“ каде ќе добете и соодветен совет.



 

 

 
   

Почетна | За нас | Производи | Технологија | Деловна соработка | Медиа центар
Контакт | Мапа на страницата | English

©2008 IEG Интер-еврогенекс. Сите права се задржани. Правна напомена