image description

Стоп Нематоди

Биоѓубриво со силно и ефикасно дејство врз нематодите

“Стоп Нематоди” е 100% чист, еколошки препарат, со препорака за негова употреба при органско производство ( здрава храна ). Составен од стручно и грижливо одбрани растенија (екстрахирани во вода) со потврдено фармаколошко дејство и со нула толеранција на токсичност.

Активност:

Биоѓубриво со силно и ефикасно дејство врз нематодите

“Стоп Нематоди” е 100% чист, еколошки препарат, со препорака за негова употреба при органско производство (здрава храна). Составен од стручно и грижливо одбрани растенија (екстрахирани во вода) со потврдено фармаколошко дејство и со нула толеранција на токсичност. Едноставен за употреба и не преставува никаква опасност за животната средина и за операторот. Испитувањата “In Vivo” и “In Vitro” ја потврдија неговата ефикасност, безбедност и сигурност, како и неговата моќ, без загадување на животната средина.

Зошто “Стоп Нематоди”:

– “Стоп Нематоди” е ефикасен кај сите видови на нематоди, кај сите растенија во било која фаза од нивниот развој.

– “Стоп Нематоди” не доведува до контаминација на земјата со тешки метали, ниту има присуство на афлатоксини.

– При испитувањето “In Vitro” и по 24 часа не се пронајдени ниту сапрофитни, ниту паразитски нематоди што го прави производот ефикасен и безбеден.

– Нема каренца.

– Нема никакво штетно влијание врз кореновиот систем.

– Овозможува брза регенерација на кореновиот систем со што се продолжува и интензивно забрзува неговата вегетација, што придонесува до поквалитетен краен производ.

– Нема никакво штетно влијание врз конзуматорот.

Пакување:

Се пакува во 1л, 5л, 10 литарски пластични туби, заштитени од било какво хемиско влијание.

Начин на употреба и дозирање:

За ефикасно дејство на еколошкото биоѓубриво “Стоп Нематоди” се препорачува употреба на 10 литри од производот за површина од 1 декар (1000м2), во зависност од степенот на развој на нематодите, а при голема инвазивност количината може да се зголеми и до 12 литри на 1 декар(1000м2) Во однос на самата употреба,за расадничко производство во градинарството се прави работен раствор во однос 1:5 што значи на 1 литар од Стоп Нематоди се раствора во 5 литри вода. Расворот се размешува со цел да се хомогенизира и така хомогенизиран раствор се полева површината во леите , саксиите или кесите во кои се сее семето.

Пред самото расадување на на расадот на постојано место , на ист начин се подготвува работен раствор во кој се потопува кореновиот систем на растенијата.

Се препорачува во иститот раствор да се додаде и 1 литар Буба Стоп – Биостимулатор кој помага полесно надминување на стресни состојби и прилагодување на растенијата во хранливиот и вегатитвниот простор за подобар раст и развој на младите растенија.

Вака подготвен хомогенизиран раствор овозможува заштита на  кореновиот систем на растенијата од почвени штетници и стресни состојби од една страна, а од друга страна овозможува подобро прифаќање, раст и развој на засадените растенија.

Во совршени култивациски простори, оранжерии и пластеници, најефикасен начин на апликација на Стоп Нематоди е преку системот ,, Капка по капка,, преку боца фертилизатор но може да се аплицира и преку секој стандарден систем за наводнување.

При третирање на зафатени растенија со нематоди за 3 до 5 дена видливо е брзо и ефикасно дејство на препаратот, преку брза регенерација на кореновиот систем што условува брз раст и развој на веќе заболените растенија.

 

 

grad1

grad2

За Тутунопроизводителите:

Сигурно Ви е познато дека квантитативниот состав кај растенијата не е стабилен и постојан бидејќи зависи од многу фактори. Пред се тука се теренот, изложеноста на сонце, географската распространетост, култивираност или самоникливост и слично. Секако тоа се одразува на ист начин и во финалниот производ.

Следи табелата на просечната застапеност (%) на одредени елементи во билките што е приближно адекватна на составот во финалниот производ.

tab

Избалансираниот однос на поединечни елементи (K+ Na+P+5) секако дека позитивно ќе влијаат врз квалитетот на тутунот(еластичност, сјајност, мирис и боја) Секако дека одредени микроелементи во содржината на екстрактот ќе влијаат на подобрување на квалитетот на тутунот.

mit1

mit2

mit3

mit4

Извештај за искуството од примената на Биоѓубривото Стоп Нематоди во одгледување на краставици и домати во пластеници

nema1a