Сите производи на Интер-Еврогенекс се резултат на внимателно избрани хербални материјали. Тие се произведени со висока технологија и највисоки стандарди хармонизирани со европските и меѓународните стандарди.

Со нашето реноме, искуство и постојана контрола на квалитетот ние го гарантираме квалитетот и потеклото на суровините и квалитетот на готовиот производ. Секој наш производ претставува хармонична врска на традицијата со модерната наука, а потекнува од искуството и научните резултати од полето на природните методи за третман во медицината, фармацијата и исхраната.

Главно мото во производството на Интер-Еврогенекс е дека квалитетот на компонентите е единствено важен, без оглед на цената.